Приведена скопјанка – 12-годишник и го нападнал синот, a таа го однела дома и го држела одреден период!

На 27.01.2025 во 18 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода А.Р.(46) од Скопје.

Според пријавеното од Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното