4NEWS.mk

Приведени двајца скопски наркодилери

Вчера во 17.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ го привеле Ф.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходно во 11.45 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Ордан Чопела“ го привеле А.Ќ.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни