4NEWS.mk

Привршува изградбата на градинките во Куклиш и Муртино

Поранешните општински згради во селата Куклиш и Муртино наскоро ќе прераснат во градинки кои ќе можат да примат 86 дечиња од двете села. Изградбата привршува, а објектите ги посети градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

– Очекуваме уште решение за вршење на оваа дејност, кое што треба да го издаде министерството за труд и социјална политика и веднаш потоа ќе можеме да ги примиме нашите најмали сограѓани во овие убави објекти, рече градоначалникот Јаневски.

Двата објекта се адаптираа преку грант од Меѓународната банка за обнова и развој и дел со општински средства.

Градоначалникот Јаневски додаде дека од почетокот на наредната година треба да почне изградбата на градинка во поранешната касарна со капацитет за околу 300 деца со што ќе се реши долгогодишниот проблем со немањето доволно капацитети за прифаќање на децата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни