Проблеми низ Европа, има поплави, евакуации, откажани летови!

Зимата предизвика проблеми во различни делови од Европа. Во Берлин, десетици летови беа откажани или одложени поради замрзнат дожд во текот на ноќта.

Поради него, обезбедувањето на авионите траеше двојно подолго од вообичаеното.

Ситуацијата на Иберискиот Полуостров останува тешка, каде што друга бура – „Леонардо“ – предизвика поплави на многу места.

Едно лице почина во Португалија, а во Шпанија сè уште се бара жена која ја однеле надојдените води.

Најпогоден е јужниот регион на Андалузија.

Железничкиот сообраќај е суспендиран, а град со население од 1.500 луѓе е евакуиран поради ризик од прелевање на браните.

Според властите, во Гразалема наврнало исто толку дожд за 16 часа колку што наврнало во регионот на Мадрид за цела година.