Македонија

Продолжува намалувањето на бројот на пациенти во Гостивар – вчера регистрирани 197 нови прегледи

Продолжува намалувањето на бројот на пациенти во Гостивар – вчера регистрирани 197 нови прегледи

Бројот на граѓани кои првпат побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува. Во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 197 новопрегледани пациенти, покажуваат најновите податоци од здравствените институции.

Според информациите, станува збор за лица кои за првпат се обратиле за медицинска помош, а бројката претставува намалување во однос на претходниот ден.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле регистрирани вкупно 117 нови прегледи. Од нив, 82 биле на Инфективното одделение, при што нема нови хоспитализации, а биле евидентирани и три исписи.

На Педијатриското одделение биле извршени 40 прегледи, додека во Ургентниот центар медицинска помош побарале 7 пациенти.

Во Здравствениот дом Гостивар, во дежурната служба биле евидентирани 80 нови прегледи, а екипите на Итната медицинска помош имале 13 интервенции.

Надлежните продолжуваат со следење на состојбата и редовно информирање за бројот на пациенти и состојбите во здравствените установи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни