Продолжува штрајкот на Луфтханза: Откажани се летовите за и од Германија и Австрија

Австриските авиокомпании од денеска ги прекинуваат летовите поради протестите

Стотици летови се откажани денеска поради штрајкот на Луфтханза во Германија и Австрија.

Од денеска поради протестите се прекинати и летовите на австриските авиокомпании, кои се дел од германската авиокомпанија Луфтханза.

Откажани се 110 летови од и кон Австрија, што ќе влијае на околу 9.000 патници.

Најмалку 580 летови се откажани во Германија. Аеродромите во Карлсруе, Келн, Берлин, Хамбург и Штутгарт ќе бидат погодени.

Штрајкот бара зголемување на платите за 30% за кабинскиот персонал на авиокомпанијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното