Во судницата во Идризово денеска продолжува главната расправа за трагичниот настан што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Рочиштето продолжува со испрашување на сведоци предложени од Обвинителството, кои се очекува да дадат свои искази за околностите и случувањата од критичната вечер.
Пред судечкиот совет денеска ќе се појават петмина сведоци, кои ќе одговараа на прашањата на обвинителството и на одбраната, обидувајќи се да фрлат светло врз хронологијата на инцидентот.
Ќе се сослушаат петмина сведоци
На денешното рочиште свои искази ќе дадат:
- Тоше Трендафилов
- Мартин Китанов
- Албето Миладинов
- Иван Данилов
- Кристијан Панев
