Македонија

Продолжува вакцинацијата за болеста беснило

Продолжува вакцинацијата за болеста беснило

Беснилото, е опасна болест и за животните и за луѓето, но кај нас според надлежните институции ја нема од пред десет години.

Последниот случај на беснило кај луѓе во земјава бил регистриран во 1976 година, а на заболено домашно милениче, мачка во Радовишко, и кај дивите животни, волк во околината на Кочани во 2012 година.

Од тогаш нема ниту еден нов евидентиран случај, но експертите велат би можел да се појави ако не се спроведува пасивен надзор, ако не се врши редовно вакцинирање на милениците и доколку редовно не се реализира кампањата за пролетно и есенско вакцинирање на лисиците.

Во земјава се чипирани повеќе од 100.000 домашни миленици од кои најголем дел се кучиња, а преку 60 проценти од чипираните миленици редовно се вакцинирани секоја година.

Проблем, велат од Агенцијата за ветеринарство, се овчарските и ловечките кучиња во руралните средини кои најчесто не се вакцинирани поради недоволна информираност или едукација на сопствениците.

Методија Трајков

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни