Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор вреден најмалку 1 милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за пренос на обновлива енергија преку Јадранското Море.
„Ние силно веруваме во овој план кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и давателите на енергија. Гордa сум на оваа иницијатива, која докажува дека може да има нови форми на соработка дури и со партнери кои можеби изгледаат значително далечни, барем од географска гледна точка“, рече италијанскиот премиер Џорџија Мелони кога го објави договорот на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби.
Италија, ОАЕ и Албанија ќе работат заедно на заеднички проект за транспорт на електрична енергија од Албанија во Италија преку подморски кабел во Јадранот.
Italy, the UAE and Albania will work together on a joint project to transport electricity from Albania to Italy via an undersea cable in the Adriatic https://t.co/wIsbvqEHYx
— Bloomberg (@business) January 15, 2025
Мелони додаде дека станува збор за „зелена енергија“ што ќе се произведува во Албанија и дека дел ќе се извезува во Италија преку подморска врска.
Taa додаде дека „со овој пристап, Италија сака да стане стратешка референтна точка за енергетските текови меѓу Европа и Африка“.
„Доколку сакаме да постигнеме одржлива и суштинска енергетска транзиција, мора да обезбедиме таа да се одвива со соодветна инфраструктура“, заклучи премиерката.
Трипартитното партнерство, кое има за цел да произведе зелена енергија во Албанија и да ја извезе во Италија преку подморски кабли, ќе ги вклучи италијанскиот провајдер Терна и Националната енергетска компанија на ОАЕ (Така), рече албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека проектот ќе го поврзе албанското пристаниште Авлона со регионот Апулија во јужна Италија, каде растојанието меѓу двете земји е најкратко, а се очекува да профункционира најмногу за три години.
Конечно, според изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, „вредноста на оваа инфраструктура ќе достигне една милијарда евра и таа ќе биде инаугурирана најдоцна за три години“.