Македонија

Проектот „Љубљанска“ во завршна фаза: Мостот на Вардар наскоро ќе го растовари сообраќајот кон Скупи

Проектот „Љубљанска“ во завршна фаза: Мостот на Вардар наскоро ќе го растовари сообраќајот кон Скупи

Градежните активности за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ се одвиваат со забрзана динамика и проектот веќе влегува во својата финална фаза, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, овој инфраструктурен зафат е од клучно значење за сообраќајната функционалност во овој дел од градот.

„Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција. Со неговото отворање ќе овозможиме многу подобро, побрзо и пред сè побезбедно движење за сите скопјани“, истакна градоначалникот преку социјалните мрежи.

Тој потенцираше дека фокусот на градската администрација во овој период е ставен на откочување на заглавените проекти и интензивирање на активностите на терен. Целта на овие зафати е долгорочно подобрување на функционалноста на градот и намалување на сообраќајниот метеж преку нови и модерни решенија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни