Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук побара разрешување од функцијата за министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Ова не е просто вербален напад на новинар/и. Ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот, односно правото на информирање. Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања“, пишува Најчевска.