Мечките во прифатилиштето во Баноштор кај Нови Сад денеска оценија дека студеното време ќе продолжи, соопшти Здружението „Карк“.
Здружението Арка во 1998 година преку проектот „Заштити ги мечките“ од нелегален сопственик одзеде три мечки и тие беа сместени во прифатилиште.
Според народното верување, зимата и летото се среќаваат на Сретение, а мечките излегуваат да проценат дали зимата завршила или ќе трае уште 40 дена.
Мечката Божана излегла, го помирисала воздухот, ископала трева под снегот и по кратка прошетка се вратила и продолжила да спие, додека мечката Марија само се стуткала, а мечката Ушке решила да не излегува. Тоа значи дека студеното време и зимата ќе траат уште 40 дена, се наведува во соопштението.