Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.
Читај и ова:
- 1.Се трага по 4 маскирани мажи кои ограбија златара во Гостивар
- 2.Четири лица загинаа, а 12 се повредени во пукотница во Мисисипи
- 3.СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа
- 4.Го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание
- 5.Од златарата во Гостивар украдени 18 кг злато вредно 1,8 милиони евра