Променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец со брзина и над 60 км/час. УВ=6
Дневните температури ќе се намалат за 4 до 6 степени. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст.