Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со појава на слаба магла во утринските часови во одделни котлини. Во источните делови од земјата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10 до 15°C.
Временска состојба по региони
Најниска температура изминатата ноќ беше измерена на Попова Шапка (-2°C), додека највисока минимална температура имаше во Демир Капија (11°C).
Во текот на изминатите 24 часа, најголем воден талог е регистриран во Крива Паланка (6 l/m²), додека во останатите градови врнежите беа минимални.
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 26 см.
Временска прогноза за Скопје
Во главниот град се очекува променливо облачно време, со утринска магла во делови од котлината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Скопје ќе достигне до 15°C.