Променливо облачно време со сончеви периоди, температурите до 11 степени!

Утре низ целата земја ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -4 до 0 степени, додека дневните максимални температури ќе се искачат од 6 до 11 степени Целзиусови, со највисоки вредности во југоисточните делови од државата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде поизразен.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.