Македонија ја очекува седмица исполнета со променливи временски услови, кои ќе вклучуваат нагли падови на температурата, врнежи од дожд, но и повремени сончеви периоди. Според најновата прогноза, по топлиот почеток на неделата, веќе од утре не очекува значително разладување.
Денешниот понеделник е најтоплиот ден во неделата со максимални 23 степени, но облачноста најавува пресврт. Веќе во вторник и среда се очекуваат врнежи од дожд, при што температурите драстично ќе опаднат, спуштајќи се до 16, односно 15 степени во среда. Утринските температури во овие денови ќе се движат помеѓу 7 и 10 степени.
Од четврток врнежите ќе престанат, но времето ќе остане претежно облачно со максимална температура до 17 степени. Стабилизација и постепен пораст на температурите се очекува кон крајот на работната недела и за време на викендот. Петок и недела ќе донесат умерено облачно време со сончеви периоди, додека сабота ќе биде најпријатниот ден за активности на отворено со температура до 20 степени.
Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за посвежи утра во втората половина од неделата, особено во петок, кога утринската температура ќе се спушти до минимални 4 степени. Неделата ќе заврши со благо опаѓање на дневната температура на 16 степени и зголемена облачност.
