Променливо време со снег и магла – до сабота стабилно, па повторно врнежи

Претпладне сончево со мала облачност, попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претпладне сончево, попладне и кон крајот на денот умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=4°C. P=993hPa. U=55%. V=3m/s.

Следува период на променливо облачно време. Утре ќе има повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Потоа до сабота ќе се задржи претежно стабилно време со пораст на температурите, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот до понеделник претпладне повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.