Вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од истото село.
Како што велат од таму, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.