Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција потврди дека е пронајден мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана од внатрешноста на зградата и однесена во селото Бразда каде била убиена за помалку од три часа.
Спасовски беше прашан дали е пронајден телефонот, на што само кусо одговори „да“.