Индонезиските единици ги пронајдоа остатоците од урнатиот Боинг 737 на компанијата „Лион Ер“ кој се урна недолго по полетувањето од Џакарта во морето во близината на брегот на островот Јава.
Во авионот имало 188 патници и членови на екипажот, а некои информации кажуваа дека има 189 патници, меѓу кои и две бебиња. Исто така според неофицијални информации, на летот имало и 23 службеници на индонезиската Влада.
Спасувачите бараат по евентуално преживеани луѓе од падот на авионот, иако првите информации кажуваат за најлошото сценарио.
Блиски роднини на оние кои биле во авионот, веќе се на аеродромот во Џакарта, и чекаат информации за нивните најблиски.
„Засега можеме да потврдиме дека авионот е урнат. Меѓутоа не можеме да кажеме никакви детали за причината, како и за преживани или загинати лица“, рече портпаролот на компанијата Јусуф Латиф.