Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар, на подрачјето на општина Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје. На местото веднаш била испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го извлекла телото од реката.
По извршеното препознавање од страна на семејството, било утврдено дека станува збор за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот 46-годишен син Г.Г. претходниот ден пријавил дека неговиот татко се оддалечил од домот.
На местото бил извршен увид од надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција.
Се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои 83-годишниот маж завршил во реката Вардар.