Спасувачките екипи денеска го пронајдоа третото тело на рудар кој загина во несреќа што се случи завчера во рудник во Велењ, Словенија, јавуваат словенечките медиуми.
Стотици тони тиња завчера вечерта влегоа во рударските тунели како дел од државната компанија Холдинг Словенске електране. Во моментот на поплавата во рудникот работеле 14 рудари.
Причината за несреќата се уште не е утврдена, но рударските инспектори го истражуваат објектот. Производството во рудникот е прекинато и ќе продолжи по завршувањето на спасувачката операција, изјави вчера премиерот Роберт Голоб.
Рудникот главно ја снабдува термоелектраната Шоштањ со јаглен, а ова е прва фатална несреќа во словенечки рудник откако двајца рудари загинаа во 2003 година.