Пронајдено возилото со кое побегна убиецот од Цетиње по масакрот

Полицијата пронашла заклучено возило „фиат“ во кое од Цетиње побегнал Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за повеќекратни убиства во Бајице.

По масакрот во родниот град, Мартиновиќ побегнал од местото, а полицијата се уште трага по него.

Полициската управа го повикува локалното население на внимателност и забележува дека Мартиновиќ е вооружен и опасен.