Пропагаторката на Путин: Третата светска војна започна. Мора да го демилитаризираме НАТО

„Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и започна Третата светска војна“, тврди една од главните руски пропагандисти Олга Скабеева. Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија Росија-1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и НАТО како целина. таа рече.

Се вчитува...

 

Олга Скабеева во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“. Професорката Сара Оутс тврди дека нејзините изјави може да помогнат да се открие колку далеку Кремљ ќе оди за да ги постигне своите цели.

Минатата недела, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба рече дека на Украина сега и треба „тешко оружје за ефикасно да се бори во источна Украина“. Кулеба додаде дека мировните преговори со Русија всушност не се водат.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги отфрли информациите дека САД размислуваат да испратат ракетни системи со долг дострел во Украина.