Свет

Протести во Барселона – повредени најмалку 15 лица

Најмалку 15 лица се повредени во денешните протести поради седницата на шпанската Влада во Барселона, соопшти регионалната служба за Брза помош. Ситуацијата во Каталонија денеска мина тензично, со судири меѓу радикалните сепаратисти и полицијата.

Седницата на шпанската Влада се одржа со силно полициско обезбедување, која каталонските сепаратисти ја оценија како провокација. Дваесетина сепаратистички организации, вклучувајќи го и влијателното Национално собрание на Каталонија, кое во последниве години организираше повеќе митинзи за независност, повикаа на големи демонстрации во центарот на Барселона.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни