Проверете зошто 10.10 е важен датум за вас

Нумерологијата вели дека 10 октомври се издвојува како многу значаен датум. Тој датум не носи само позитивни промени, туку носи и силни пораки за нови почетоци, духовен раст и можности за трансформација.

Датумите кои вклучуваат бројот 10 се посебни сами по себе, а 10.10 е уште посилен поради повторувањето на тој број. Во нумерологијата бројот 10 симболизира совршенство, завршетоци и нови почетоци. Овој датум нè повикува да се ослободиме од старите навики и да се насочиме кон создавање на нешто ново.

Комбинацијата на два броја 10 ја зајакнува енергијата и создава можност за поставување цврсти темели за иднината.

Оваа година влијанието е уште поголемо.

Есен 2025 носи еден посебен датум – 10.10.2025. На изглед обичен петок, но според нумерологијата, овој ден носи силна, речиси магична енергија на бројот 2. Доколку во последно време ви недостасува мир, разбирање и поврзаност, токму тогаш универзумот ги отвора вратите за тоа.

Кога ќе ги собереме сите броеви во датумот 10.10.2025 (1 + 0 + 1 + 0 + 2 + 0 + 2 + 5), добиваме 11, а потоа и 2 (1 + 1 = 2).

Бројот 11 во нумерологијата се смета за главен број, симбол на интуицијата и духовното будење, додека неговата основна вибрација – бројот 2 – носи порака за баланс, партнерство и емотивна поврзаност.

Со други зборови, 10.10.2025 е ден кога енергиите на силата и нежноста се спојуваат во совршен баланс.

Како да го искористите 10 октомври?

Овој ден е идеален за поставување нови цели, бидејќи универзумот ќе ги поддржи вашите напори. Размислете што сакате да постигнете во наредната година и бидете подготвени да преземете први чекори.

Доколку имате неплатени долгови, било материјални или кармички, 10.10 е совршен момент за започнување со нивно решавање. Ова е време кога можете да се поврзете со својата внатрешна сила и да започнете со создавање стабилност во вашиот живот.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.