Провоцира – Јелена Розга ја шокираше јавноста со новото привлечно издание (ФОТО)

Розга во јавноста не е позната како некоја која експериментира со стилот.

Популарната хрватска пејачка Јелена Розга реши да ги изненади фановите со ново видео кое наскоро ќе биде промовирано, а нејзината промена на имиџот ги шокираше следбениците на социјалните мрежи.

Имено, Розга во јавноста не е позната како некоја која експериментира со стилот, ниту пак голотијата некогаш била нејзин заштитен знак.во краткото видео кое го објави на Инстаграм, а кое е најава за синглот, слатката Јелена можеме да ја видиме во малку попровокативно издание.

Нема сомневање дека на нејзиното ново остварување најмногу ќе се израдуваат припадниците на посилниот пол, со оглед на фактот дека на фотките изгледа поприлично секси.

Пред неполн месец таа истот така настапи и во Јосифово каде пред многубројната публика покаже дека е жена со тело ремек-дело.

Иако е во петтата животна деценија Јелена храбро ги носи ваквите парчиња облека кои мора да се признае дека одлично и прилегаат особено во пределот кај нозете.

Имено, Јелена на настапот во Македонија заводливо и провокативно играше во кусиот и тесен црвен фустан, а веројатно најмногу уживаа во глетката оние кои беа во првите редови.

Снимката се најде на нејзиниот Инстаграм профил каде опиша дека одлично си поминала на концертот пред македонската публика