Компанијата „Пофикс“ чии простори ги зафати пожар преку објава на Фејсбук нагласуваат дека причините за пожарот се уште не им се познати, но она што е од витално значење е фактот дека нема загуби во животи.
„Во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме на противпожарните екипи, на градоначалникот на Тетово и на органите на прогонот кои максимално работат на терен, како и на граѓаните и бизнисмените на Тетово кои се вклучија во гаснењето на пожарот“, стои во соопштението.
Тие ја информираат јавноста дека пожарот во голема мера е изгаснат и се надеваат дека оваа состојба ќе се надмине што поскоро.
Инаку, пожарот се уште е активен и гори, додека пожарникарите се уште интервенираат за гаснење.
Во текот на денешниот ден во утринските часови пожар беа зафатени просториите на поранешната фабрика „Македонија табак“ и „Пофикс“ , но истиот е ставен под контрола, а противпожарните екипи продолжуваат со активностите за целосно гаснење.
Екипата на Армијата за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје констатирала дека во воздухот нема честички отровни гасови, а градоначалникот на Тетово Билал Касами најави дека процесот на раследување продолжува и утре. Во интервенциите при гаснењето на пожарот пожарникарите се здобиле со полесни повреди, за што била потребна лекарска помош.