Прв социо-еколошки форум во Скопје – „Нашата цел е зелена енергија и здрава средина“, рече Заев

Првиот социо – еколошки форум во Скопје ги собра на едно место регионалните и европските политички лидери, тинк-тенк невладините организации, младинските лидери и новинарите.

Дискутираа за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западен Балкан. Целта на настанот организиран од Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих-Еберт“ во Скопје, Меѓународниот центар „Олоф Палме“, и Прогрес – Институтот за социјална демократија е да се отвори патот кон иднината каде сите земји на Западен Балкан ќе имаат економска енергетска ефикасност и работни места  кои се отпорни на промените предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија.

Првиот панел насловен „Европски зелен договор и зелената агенда на Западен Балкан“ почна со говорот на претседателот на СДСМ, истовремено Премиер на РСМ, Зоран Заев и претседателот на Движење Самоопредеување, истовремено Премиер на Косово, Албин Курти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното