Прва изработена мапа на земјотреси: Каде во Македонија има најголем ризик од земјотрес

Првата светска мапа што ја изработи непрофитната организација ГЕМ (Global Earthquake Model), со седиште во Италија покажа дека потегот Дебар-Гостивар е под највисок степен на ризик од земјотреси, додека пак регионот околи Кочани, Крива Паланка, Светиниколе и Пробиштип се најсигурни.

ГЕМ ја претстави првата он-лајн мапа на ризик од земјотреси во сите земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Се вчитува...

Трите мапи, кои се резултат на долгорочни меѓународни напори и ќе се обновуваат секоја година, откриваат кои области на земјата се повеќе подложни на земјотреси, и каде би имало најголеми штети на објектите од сеизмичкиот феномен.

Иницијативата на ГЕМ беше создадена во 2007 година од страна на истражувачки институти и на ОЕЦД, со финансиска поддршка на големата германска компанија за реосигурување Минхен Ре. Дигитални мапи вклучуваат повеќе од 30 национални и регионални модели на сеизмичкиот ризик од разни страни како што се Геолошкиот институт на САД, Дирекцијата на Кина за земјотреси и надлежните органи на Јапонија.

Создавањето на мапи ги зема во предвид различните фактори, како што се градежните материјали, какви темели тие имаат, сеизмички контроли, итн Целта на ГЕМ е да им обезбеди модели на реален сеизмички ризик за секоја земја, така што така може да се пресмета можна идна материјална штета, што беше тешко досега, особено за земјите во развој.

Од 1980 година, 92% од жртвите на земјотресот бил во земјите во развој и новите економии со низок и среден приход. Шест од десет земјотреси (61%) се јавуваат секоја година во овие земји. Од друга страна, пак, само 3,6% од вкупниот број жртви, но над 60% од материјалната штета се евидентирани во побогатите развиени земји со долгогодишно градење и развиена инфраструктура.