Првото бебе родено во новата година, жител на Крива Паланка, се роди вчера попладне, на гинеколошко – акушерската болница во Чаир, Скопје.
Момчето го донесе на свет по природен пат, 25-годишната мајка Марија.
Бебето е родено со родилна тежина од 3.650 грама, долго е 52 центиметри и е прва рожба во семејството Стојановски, радост во новата година за младите родители Младен и Марија.