Карди Би и Офсет од групата Мигос конечно му го покажаа на светот своето второ дете, момче кое се роди во септември минатата година.
Парот сподели фотографија од малото дете како ужива во топла јакна и скап ѓердан околу вратот, а Карди го откри и неговото име – Wave, што значи „бран“. Поточно, неговото целосно име е Вејв Сет Сифус.
Се вчитува...
Обожавателите се воодушевени од фотографиите и изборот на името, а со месеци ја молат оваа позната двојка да му го покаже синот на светот.
Необичното име не е изненадување, ако се земе предвид дека тригодишната ќерка на овој пар се вика Калчр, или „Култура“.
View this post on Instagram
