Пукање пред амбасадата на Израел во Белград, напаѓачот убиен

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека непознато лице, чиј идентитет се утврдува, пукало со самострел кон припадник на Жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.

„Денеска околу 11 часот неидентификувано лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на Жандармеријата кој бил на безбедносна должност во израелската амбасада и го удрил во вратот“, изјави Дачиќ.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го совладал напаѓачот, кој од здобиените повреди починал, соопшти МВР.

Полицаецот во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар каде што била извршена операција за отстранување на стрелата од вратот.
Се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви“, изјави министерот за полиција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното