Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември 2025 година.
Документот е објавен на официјалниот портал каде што се објавуваат указите и законите.
„Од 1 октомври до 31 декември 2025 година, регрутирајте 135.000 граѓани на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 30 години, кои не се во резерва и подлежат на задолжителна воена служба“, се наведува во документот, пренесува Индекс.
Со истиот указ се наредува и отпуштање од воена служба на војници, морнари, водници и подофицери чиј рок на служба е истечен.
Руската влада, регионалните власти и комисиите за регрутирање се одговорни за спроведување на сите потребни мерки.
Федералните министри, раководителите на федералните служби и агенциите исто така добија наредба да обезбедат регрутирање на руски државјани вработени во федералните министерства, други извршни органи и организации подредени на надлежните федерални тела.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 3.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест
- 4.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево
- 5.Променливо облачно со слаб северен ветер