Путин го разреши командантот на копнените сили

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши долгогодишниот командант на Копнените сили, генерал Олег Саљуков, и го назначи на нова позиција, соопшти заменик-секретарот на Рускиот совет за безбедност, објавија денес руските државни медиуми.

Во декретот, кој беше објавен во официјалниот регистар на претседателски одлуки, се наведува дека Саљуков е разрешен од должноста командант на копнените сили, позиција што ја извршуваше од 2014 година.

Покрај неговата редовна команда на копнените сили, генералот Саљуков минатата година служеше и како заменик-командант на здружените руски сили во Украина, што ја зајакна неговата улога во операциите за инвазија.

Саљуков е познат на јавноста и како долгогодишен командант на воената парада во Москва, а последен пат се појави во таа улога на 9 мај, кога ја водеше прославата на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русите ја слават како Ден на победата.

Руските медиуми сè уште не соопштуваат кој ќе ја преземе функцијата командант на копнените сили, а Кремљ не ги коментираше причините за промената. Именувањето во Советот за безбедност се толкува како премин во потесниот круг на Путин, а честопати и како начин за отстранување на високи офицери од оперативни позиции.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното