Претседателот на Русија Владимир Путин, денеска во светскиот трговски центар во Москва ќе одржи годишна прес-конференција која ќе урне нов рекорд. Дури 1700 новинари се пријавиле за обраќањето на Путин, а се очекува најмногу прашања да бидат поставени за меѓународните односи на земјата, односите со САД и со регионалните проблеми во економијата.
Новинари од различни страни на Светот доаѓаат да се соочат со претседателот, а интересно е тоа што тие ќе имаат право да истакнуваат пароли на прес-конференцијата, кои доколку му „паднат во очи“ на Путин, тогаш ќе може да поставите прашање.
Најкратката прес-конференција на Путин од ваков тип траела во 2001 година (1 час и 35 минути), додека во 2008 истата траеше 4 часа и 40 минути.
Прес-конференциите се одржуваа во минатото во „Кремљ“, а подоцна поради голем интерес се префрлени во светскиот трговски центар.