Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува Скопје1.

Не е откриено на што точно се пожалил Трајковски, но познато е дека испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија. Неофицијално, тој добил согласност од Кривичен суд за да биде однесен на прегледи. По прегледите, бил вратен во затворот.

Против Трајковски веќе четири месеци трае истрагата. Освен Штекли, под истрага се уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.

Трајковски и останатите се гонат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Тој изминатите години беше мета на два одделни напади врз него, со цел ликвидација, а во неговиот дом беше фрлена експлозивна направа, за која протече и снимка во јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното