„Вклучувањето на Бугарите во уставот на Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија, и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро со цел да се отворат вратите за преговори за полноправно членство“.
Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со претставници на организациите на бугарската заедница во Македонија од градовите Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани, соопшти прес-секретаријатот на шефот на бугарската државата.
Должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги заштити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување, додаде Радев. „Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, нагласи Радев.
Во овој поглед, шефот на државата изрази надеж дека властите на РСМ ќе го спроведат европскиот компромис од 2022 година што е можно поскоро и ќе ги вклучат Бугарите во својот устав.
Румен Радев потсети дека токму Бугарите од Македонија први го поставија прашањето за ефикасно гарантирање на нивните права во сопствената земја, а денес тоа е заедничка кауза не само на сите бугарски институции, туку и на ЕУ.