Деновиве, Јована и Жељко Јоксимовиќ имаат голем повод за славење, односно нивните ќеркички, близначките Ана и Срна, наполнија една година.
Популарната водителка до сега не објавуваше фотографии од децата, а денеска за прв пат на својот Инстаграм профил објави фотографија со честитка до нив.
-Пред година дена дојдоа на свет, денеска тие се мој живот, наш живот, напиша гордата мајка Јоксимовиќ.
Пред нив тие го добија и синот Коста, а од првиот брак Жељко ја има ќерката Мина.
Пејачот неодамна откри дека животот потполно им се променил откако во нивниот живот пристигнале малите принцези.
„Се будам рано поради Јована бидејќи води утринска емисија. Меѓутоа, сега децата се рекордери, стануваат во четири часот наутро, па пак заспиваат во шест“ ,изјавил Жељко и додал:
„Името Ана беше желба на Јована од детството, па од прв момент знаевме дека една од нив така ќе се вика. За другото име долго време размислувавме, а некако Срна ни беше драго и на двајцата“, заклучил пејачот.


