4NEWS.mk

Ракометарите стигнаа во Букурешт, наострени за дуелот со Алжир

Македонската ракометна репрезентација пристигна во романската престолнина Букурешт, каде денеска од 15 часот го игра своето полуфинале на турнирот „Трофеј Карпати“, а противник е Алжир.

Тоа ќе биде претпоследна контрола на турнејата на која Данило Брестовац со себе зеде главно млади ракометари. Во другото полуфинале играат Романија и Холандија, па в недела подмладените „црвено-жолти“ ќе си ги одмерат силите и со една од овие селекции од 15 или 17.15 часот, во зависност дали мечот ќе биде за трето место или финале.

РФМ за понеделник во Скопје закажа прес-конференција на која ќе се обрати Брестовац и ќе го каже списокот на патници за Европското првенство. Мечевите во Букурешт се последна шанса за кандидатите да се наметнат и да докажат дека заслужуваат да се појават на ЕП. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни