Рама: Без Албанците, нема Северна Македонија, Ахмети: Албанската дијаспора, дел од историските моменти

На вториот самит на дијаспората што се одржува во Албанија, по првиот самит, албанската влада зема обврска за регистрација и унифицирање на дијаспората како неразделно стебло на татковината, без политички и географски разлики, претставници на разни здруженија, истакнати личности, но и други членови. Домаќинот на овој самит, премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека е многу голем и непроценлив придонесот на албанската дијаспора низ годините. Но Рама не заборави да ја спомене и таканаречената Тиранска платформа велејќи дека благодарение на неа  јазикот на Мајка Тереза станал службен јазик во Северна Македонија.

„Тоа што беше неприфатливо за претседателот на Македонија, јазикот на Мајка Тереза, стана официјален јазик на Северна Македонија. Без Албанците во Македонија и без Албанците, немаше да има Преспански договор, и без Албанците немаше да има Македонија во НАТО, и не може да има Северна Македонија во ЕУ. Ние сме најзаинтересирани таа држава да напредува, да биде модел за хармонија и соживот меѓу двата народи кои ја сочинуваат“, изтакна Еди Рама, премиер на Албанија.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неговиот говор рече дека најисториските моменти за нашата држава потекнуваат од дијаспората.

„Најисториските моменти за нашата држава потекнуваат токму од печалбарите. Ослободителната војска беше финансирана, хранета и мобилизирана токму од иселениците. Сега  нашиот најголем патриотизам е да настапиме со мудри луѓе. За тоа сега најмногу има потреба нашата држава. Има потреба Албанија, Косово, Македонија. Денес да  ги оставиме емоциите, да бидеме рационални бидејќи нештата треба да ги заживееме и материјализираме. Институционалната поддршка никогаш нема да недостасува“, истакна Али Ахмети, Лидер на ДУИ.

Целта на овој Самит е  да се унифицира албанската дијаспора, заради можност за дискутирање за разни политички прашања на албанската држава, вклучувајќи го новиот пристап на соработка со Дијаспората.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21