Рама: Постапката за затворање на ТикТок е завршена

„Постапката за затворање на ТикТок е завршена за паметните телефони“.

Ова го истакна премиерот на Албанија, Еди Рама директна комуникација со граѓани на Фејсбук „Очи в очи“.

Како што вели, оние кои ќе користат бесплатни VPN за пристап до социјалната мрежа ќе бидат под ризик на хакери, па затоа ги посоветува да останат без ТикТок додека платформата не дојде во Албанија со план за тинејџери.

„Постапката за затворање на ТикТок е завршена за паметните телефони, а од друга страна, сакам сите да знаат дека начинот да се избегне блокирањето со користење на бесплатен VPN е многу опасен бидејќи во светот е познато дека хакерите се прославуваат со кражба на податоци од телефонот. Имајте го ова на ум и издржете без ТикТок уште некое време додека не ја завршиме заедничката програма со компанијата, која ќе го претстави планот за Албанија“, рече Рама.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното