Деновиве во училиштата низ РС Македонија стигна допис од Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците при Министерството за образование и наука, односно иницијатива за поттикнување на учениците кои имаат српско потекло по било кој основ, а кои можеби и не се изјаснети како Срби за изучување на Јазик и култура на Србите како изборен предмет во учебната 2019/2020 година.
За таа цел училиштата треба да спроведат анкетирање на родителите на учениците од второ одделение.
Оваа иницијатива и постапка е спорна од два аспекти.
Прво: Управата за унапредувањето на образованието на јазиците на заедниците при Министерството за образование и наука има обврска да се грижи за унапредувањето на образованието на јазиците на сите заедници, а не само на српската заедница. Првпат се случува ваква иницијатива и тоа само за еден јазик. Бидејќи од оваа година се воведува овој, но и изборен предмет Јазик и култура на Турците за кого нема ваква иницијатива. Додека Бошњаците треба да пишуваат барања и петиции преку училиштата за да им биде дозволено да го изучуваат предметот Јазик и култура на Бошњаците.
Второ: Оваа анкета се спроведува во училишта и средини во кои живеат Бошњаци, што е сосема несоодветно и неприфатливо. Што ќе се случи доколку во некои места со мнозинско српско население направите анкета за родителите нивните деца да го изучуваат босанскиот јазик.
На овој начин сакаме да ја информираме јавноста и јавно да ја повикаме Управата за унапредувањето на образованието на јазиците на заедниците да поведе иницијатива и за босанскиот, турскиот, ромскиот и влашкиот јазик согласно Уставот и законите. Доколку тоа не се случи, сметаме дека сегашниот директор не може и не треба да ја води оваа важна инстутуција.
