Американски рапер изјавил дека има намера да си купи гасовита планета регистрирана под името ВАСП-127-б, што сигурно би било прво купување од овој вид во светот.
Се работи за раперот Лил Узи Верт. Контроверзниот рапер и претходно го привлече вниманието на јавноста откако во челото „си вгради“ дијамант од 24 милиони долари, а подоцна му се придружи и на пејачот Гримс во намерата да си стават компјутерски чипови во мозоците, па и двајцата да го стекнат „знаењето на боговите“.
За разлика од чиповите во главата, се чини дека овој рапер нема да наиде на разбирање кај вселенската заедница за оваа негова нова замисла.
Имено, откуп на планета засега не е ниту правно можно, а нема ни симболична смисла.
Сепак, овој маркетинг-трик покренува важни прашања за тоа кој би имал имотни права над територии надвор од планетата Земја и што сѐ треба да се промени за тоа да се примени?
Иако на Твитер, Лил Узи Верти и Грајмс разменија пораки во кои се тврди дека се „на чекор од потпишување историски договор за набавка“, тоа не е можно во пракса, освен ако не се граѓани на повисока, односно вонземска цивилизација, како што се шегуваат американските медиуми.
Овој договор не е можен, меѓу другото, и бидејќи Меѓународниот вселенски договор од 1967 година сѐ уште е во сила во меѓународното право. Со него, се забранува сопственост на поединци и влади над територии надвор од Земјината Орбита.
