Македонија

Расчистено насилството во Куманово, насилниците лишени од слобода

Расчистено насилството во Куманово, насилниците лишени од слобода

На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.

Ноќни бркотници низ Куманово: Маскирани лица нападнале младо момче (Видео)

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи. СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.

Димитриевски: Кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово, чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни