Во тек е дискусија за предлозите и барањата поврзани со реформите во гимназиското образование. Јавната расправа продолжува и по затворањето на онлајн расправата, а планирани се и дополнителни средби, изјави министерката Весна Јаневска.
Наставните програми ќе се менуваат од септември, кога ќе бидат воведени нови учебници за средно гимназиско образование.
За концепцијата ќе има една година за прилагодување на програмите според европските стандарди, со цел учениците да бидат подготвени за понатамошно образование, како во земјата така и во странство.
Предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието предвидуваат зголемен број на часови, што може да значи дека учениците ќе остануваат во училиште и до 11 часови дневно. Меѓутоа, Јаневска истакна дека ова не е реално и ќе биде анализирано и прилагодено, бидејќи учениците треба да имаат и воннаставни активности.
Таа најави дека во 141 училиште е воведена едносменска настава и дека се работи на оптимизација на училишната мрежа, со изградба на нови училишта во некои општини.