Расте бројот на заразени со коронавирус.
Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа биле направени 1.153 тестови, од каде регистрирани се нови 411 случаи.
Пола случаи или 208 се во Скопје, по што следува Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.