Речиси месец дена се трага по младиот Миле Тодоров од Неготино!

Неготинецот Миле Тодоров исчезнал на 30. јануари и се бара веќе 25 дена.

Според информации од семејството, тој стигнал на работа, разговарал со сопственикот на фирмата и му кажал дека дава оставка. Иако претходно не ја најавил оставката, разговорот поминал во најдобар ред, по што Миле се упатил пеш од Кавадарци кон Неготино.

Бил забележан на безбедносни камери, последен пат околу 10.30 часот истиот ден, кај селото Марена, а потоа беше пронајден и неговиот мобилен телефон во таа област, покрај реката Луда Мара.

Бил облечен во црно работничко одело, бело палто и црн елек. Висок е 185 см.

Доколку имате информации, јавете се на полицијата или на броевите: 078/909-481 и 075/691-727.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното