Референдумот ќе се рапише в понеделник – а ќе се одржи на 30 септември

Референдумот ќе се распише во понеделник, а ќе се одржи најверојатно на 30 септември, велат собраниски извори за Телма. Во наредните денови партиите на виско ниво ќе ги интензивираат  консултациите за дефинирање на референдумското прашање. Оптимисти се за постигнување договор, но доколку тоа не се случи, владејачкото мнозинство и партиите на Албанците ќе тргнат во кампања за убедување на граѓаните во придобивките од успешноста на референдумот.

Ќе се прецизира и дали исходот од референдумот ќе биде консултативен или задолжителен. На крајот се ќе зависи од цензусот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното